Home » Ливерпул на продажба – Пристигна првата луда понуда!

Ливерпул на продажба – Пристигна првата луда понуда!

by Журнал.мк

Пред само два дена актуелниот сопственик на Ливерпул, Фенвеј Спортс Груп, објави дека клубот од „Енфилд“ е на продажба.

Новиот сопственик на „црвените“ би сакал да стане легендарниот ММА борец Конор Мек Грегор.

Намрднатиот Ирец кој се прослави во октагонот на својот Твитер профил изрази интерес за купување на славниот англиски клуб, откако еден од навивачите му предложи да го стори тоа.

„Би сакал (да го купам Ливерпул). Побарав информации за тоа веднаш штом слушнав. Каков развој! Каков клуб “, напиша Мек Грегор.

Мек Грегор се донесе на светскиот врв и шампионскиот појас во УФЦ. Се чини сосема нереално тој да стане сопственик на фудбалски гигант, но „непослушниот“ Ирец не треба да биде отпишан.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More