Јирген Клоп не беше многу активен во летниот преоден рок, но се очекува да донесе барем еден играч во јануари кој треба да ја подобри навалната линија во тимот.
Имено, како што пишуваат неколку англиски медиуми, меѓу кои и „Скај Спортс“ од редовите на Ливерпул се заинтересирани да го донесат фудбалерот на Салцбург, Такуми Минамино.
Јапонскиот интенационалец игра одлично во дресот на клбуот кој играше против Ливерпул во групната фаза од Лигата на шампионите.
Такуми Минамино би пристигнал на „Енфилд“ за сума од „само“ осум милиони фунти колку што изнесува неговата откупна клаузула.