6 C
Skopje
Sunday, May 9, 2021

Ливерпул договорил дефанзивец од Престон

Најчитани вести

Јирген Клоп избегна да го коментира трансферот на Бен Дејвис во редовите на Ливерпул, но добро информираниот „Скај Спортс“ тврди дека дефанзивецот дефинитивно се сели во редовите на англискиот првак.

Ливерпул го победи Вест Хем, но Клоп и натаму има многу проблеми со дефицитот на дефанзивци во екипата, па затоа е договорено пристигнувањето на Дејвис.

Се работи за стопер на второлигашот Престон, за кој Ливерпул ќе плати 2 милиона фунти и кој треба да му помогне на новиот клуб да ги оствари своите амбиции сезонава на неколку фронта.

Интересно е што Дејвис има уште шест месеци од договорот со Престон и од почетокот на годината имаше право да преговара со други клубови, по што веќе имал успешни преговори за личните услови со шкотски Селтик.

Селтик имајќи предвид дека за истиот фудбалер се интересираат и други клубови сакал да го обезбеди неговиот потпис уште месецов, но очигледно Ливерпул успеа да ја добие трката и тоа со играч чие пристигнување нема да биде комплицирано поради ограничувањата со патувањата поради коронавирусот.

Преодниот рок за премиерлигашите завршува утре, па дотогаш ќе биде јасно дали Дејвис дефинитивно ќе стане нов член на шампионот.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести