13.8 C
Skopje
Sunday, October 24, 2021

Ливерпул го промовираше првото јануарско засилување, потпиша со Такуми Минамино

Најчитани вести

Ливерпул утринава потврди дека Такуми Минамино стави потпис на договор со нив, тој ќе биде играч на црвените од 1 јануари кога ќе биде отворен преодниот рок.

Ливерпул го потпиша првото јануарско засилување, се работи за јапонскиот фудбалер Такуми Минамино од Салцбург. Црвените за него ќе платат само 8,5 милиони евра бидејќи толку е висока неговата откупна клаузула.

„Ливерпул може да потврди дека постигна договор со Ред Бул Салцбург за трансфер на Такуми Минамино“, стои во соопштението на клубот.

Минамино од 1 јануари официјално ќе биде играч на Ливерпул кога ќе биде отворен зимскиот преоден рок.

„Ова е остварување на мојот сон, сонував да бидам играч на Ливерпул и возбуден сум што тој момент ми се оствари. Да играм во Премиерлигата беше една од моите цели. Размислував дека ако мојот фудбалски прогрес се одвива паметно еден ден би можел да заиграм во Премиерлигата. Но не мислев дека некогаш ќе можам да играм во овој тим, многу сум среќен поради тоа“, изјави Минамино.

Клоп е среќен што клубот успеа да му го донесе јапонскиот фудбалер.

„Ова е прекрасна вест, фантастично засилување. Ние сме навистина, навистина среќни со ова. Нашите навивачи имаа шанса да го видат одблиску кога игравме со Салцбург па не треба да зборувам премногу гласно за неговите квалитети бидејќи тие веќе ги знаат. Такуми е многу брз и многу паметен фудбалер, наоѓа простор меѓу линиите. Храбар е со топката, но храбар е и без топката, вистински тимски играч. Тој го дава најдоброто од себе за бенифит на другите“, вели Јирген Клоп.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com