„Либертанго“ – приказна за љубовта, страста, силните емоции

Share on facebook
Share on twitter
Share on whatsapp
Share on google
Share on linkedin
Share on email
Share on print

Маестрален настап на фестивалот „Охридско лето” синоќа приреди Националната oпера и балет на Македонија поставувајќи ја балетската претстава „Либертанго” на музиката на еден од најекспонираните претставници на тангото, Астор Пјацола.

Публиката се воодушеви од мајсторските изведби на Александра Мијалкова, Васил Чичијашвили, Марија Кичевска Шокаровска, Наташа Јосифовска, Саша Евтимова, Игор Веланоски, но и на сите уметници кои совршено владееја со сцената.

„Либертангото“  ја долови приказната за создавањето и патот на тангото на кое токму Пјацола му даде нови жанровски димензии и го доведе до совршенство.

Преку животниот пат на семејството Пјацола, приказната поставена на Долни Сарај  предизвика силни емоции, ја донесе љубовта, страста,желбата, љубомората…

Кореографијата за балетската претстава „Либертанго“ ја работеше познатата италијанска кореографка и поранешна балерина, Сабрина Боско со асистентите-кореографи Горан Божинов и Олга Панго, а либретото за животна приказна на композиторот Пјацола и режијата се на Наташа Поплавска.

„Либертанго“  е една од најпопуларните танго-композиции на 20-от век./mkd.mk

T.E.

Оставете коментар

Актуелно

@2019 – Новинска агенција ЖУРНАЛ. Сите права се задржани.

Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.