21.8 C
Skopje
Tuesday, June 15, 2021

ЛЕ: Погба го освои „Сан Сиро“, колапс на Ренџерс против Славија Прага

Најчитани вести

Пол Погба се врати во акција и покажа колку може да вреди за Манчестер јунајтед, постигнувајќи го единствениот гол за 1:0 победа над Милан на „Сан Сиро“ и пласман во четврт-финалето на Лига Европа. Таму, очекувано се и Вилјареал и Ајакс по новите победи, но новиот шкотски шампион Ренџерс доживеа „колапс“ дома на „Ајброкс“ и загуби со 0:2 од чешка Славија Прага.

„Ѓаволите“, кои во Милано играа со дресови кои многу наликуваат на тие на Јувентус, дојдоа во водство во 49. минута, кога Погба најдобро се снајде во мешаницата пред голот на Џиџи Донарума, откако влезе во игра на стартот на второто полувреме. Во првиот меч на „Олд Трафорд“, Милан во самиот финиш постигна гол за 1:1 реми, но сега ја продолжува лошата низа на резултати.

Ренџерс пак, имаа 1:1 од гостувањето во Прага, но дома загубија со 0:2 во меч со два црвени картон за неверојатна елиминација. Вилјареал повторно со 2:0 го совлада Динамо Киев, додека Ајакс со 2:0 славеше во Швајцарија кај Јанг Бојс за лесен пласман.

ЛИГА ЕВРОПА, 1/8 ФИНАЛЕ, 2.МЕЧ

Милан – Манчестер јунајтед 0:1., прв меч 1:1, вкупно 1:2

Ренџерс – Славија Прага 0:2, прв меч 1:1, вкупно 1:3

Вилјареал – Динамо Киев 2:0, прв меч 2:0, вкупно 4:0

Јанг Бојс – Ајакс 0:2, прв меч 0:3, вкупно 0:5

Од 19 часот играа:

Арсенал – Олимпијакос 0:1, прв меч 3:1, вкупно 3:2

Динамо Загреб – Тотенхем 2:0, 3:0 по продолженија, прв меч 0:2, вкупно 3:2

Молде – Гранада 2:1, прв меч 0:2, вкупно 2:3

Шахтјор Доњецк – Рома 1:2, прв меч 0:3, вкупно 1:5

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести