18.8 C
Skopje
Saturday, July 24, 2021

Лејкерс пресилен за Голден стејт, Мајами влезе во форма

Најчитани вести

Лос Анџелес Лејкерс убедливо со 117:91 го победи Голден стејт, Мајами го оствари шестиот триумф по ред откако со 109:99 ја совлада екипата на Атланта.

Кошаркарите на ЛА Лејкерс уште во првата четвртина го откажаа Голден стејт од шанси за победа, тие ја добија првата четвртина со 41:21 а до крајот само ја одржуваа предноста за на крајот да слават со 117:91.

Леброн Џејмс со 19 поени беше најефикасен во составот на Лејкекрс, Паскал со 18 беше најдобриот кај Голден стејт.
Мајами имаше лош старт на сезоната, но како одминува времето влегуваат во форма. Синоќешниот триумф над Атланта од 109:99 им беше шести во низа.

Нан со 24 поени беше најдобар кај Мајами, Колинс за Атланта постигна 34, имаше и десет скока.
Резултати:

Милвоки – ЛА Клиперс 105:100
Бостон – Вашингтон 111:110
Детроит – Њујорк 90:109
Хјустон – Мемфис 84:133
ЛА Лејкерс – Голден стејт 117:91
Мајами – Атланта 109:99
Минесота – Феникс 99:118
Сакраменто – Шарлот 126:127

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести