37.8 C
Skopje
Wednesday, June 23, 2021

Лејди Гага спрема НОВ ФИЛМ! Запознајте ги господин и госпоѓа Гучи (ФОТО)

Најчитани вести

После улогата во „A Star Is Born“, Лејди Гага ќе се испроба во ново филмско издание.

На филмското платно, таа ќе игра заедно со актерот Адам Драјвер, и тоа во филмот „The House of Gucci“, каде ќе ги играат поранешните сопружници кои беа на врвот на брендот Гучи – Патриша и Маурицио.

Во режија на Ридли Скот, филмот ја открива позадината на приказната за колапсот на династијата Гучи, како и атентатот врз Маурицио, внукот на основачот на оваа модна куќа.

Имено, Патриција Гучи е осудена за организирање на убиството во 1995 година, откако ја оставил поради помлада жена. Прекарот „црна вдовица“ го заработила за време на 18 години затвор.

Покрај описот на „Signore e Signora Gucci“, Лејди Гага сподели и фотографија на која позира со Адам Драјвер во après-ski модни изданија, кои се неодоливо поврзани со осумдесеттите години.

Ретро плетени џемпери, златни ланци и крзнени капи се парчиња што направија целосен # throwback и предизвикаа општ ентузијазам кај публиката.

Имајќи предвид дека снимањето се одвива во Европа, и дека Алпите се една од дестинациите, прекрасните пејзажи ќе бидат неизоставен дел од филмот.

Lady Gaga Shares First Look of Herself and Adam Driver in Gucci Film https://www.instagram.com/p/CMNes5lsKgK/ Credit: Lady Gaga/Instagram

Ова е прва важна улога на Лејди Гага по филмот ”A Star Is Born”, по што беше номинирана за Оскар.

Важните номинации не го заобиколија ниту Адам Драјвер, за неговите улоги во филмовите „BlacKkKlansman“ и „Marriage Story“. Имајќи предвид дека познатата пејачка има италијанско потекло, не се сомневаме дека нејзината улога ќе биде веродостоен приказ на озлогласената Италијанка.

Филмот за убиството, алчноста, лудилото и гламурот, снимен според романот на Сара Геј Форден, ќе биде премиерно прикажан на 24 ноември, а во составот ќе бидат и Ал Пачино, Џеред Лето и Џереми Ајронс.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести