3.8 C
Skopje
Tuesday, November 30, 2021

Летонија ја лансираше првата 5G прекугранична тест локација во Европа

Најчитани вести

Летонскиот мобилен оператор Latvijas Mobilais Telefons (LMT) постави тест локација за иновации на 5G мобилната мрежа, на тркачката патека Бикерниеки во главниот град Рига.

Локацијата претставува прв прекуграничен симулациски простор за мобилност во Европа, а планот е да се искористат 5G мрежите на летонскиот оператор LMT и естонскиот Telia за да се имитира целосно функционална меѓународна конекција.

Новолансираната 5G мобилна локација веќе го покажа својот прв случај на употреба – на 20 август, 2021 година беше спроведена симулација на возила со далечинско управување преку 5G мрежата на LMT од градот Цесис, оддалечен 80 километри, соопшти компанијата.

Според соопштението за медиуми на мобилниот телекомуникациски оператор, тест-локацијата е дел од проектот 5G-Routes, меѓународен напор да се обезбеди прекугранична автоматизирана мобилност, како и да се развијат и демонстрираат неколку случаи на употреба на 5G-Routes проектот.

Проектот 5G-Routes, со конзорциум составен од 21 партнер, започна со работа на 1 септември, 2020 година. Проектот има за цел да ги потврди 5G теренските испитувања на „Via Baltic North“ прекуграничниот 5G коридор, што се протега до границите на три земји на ЕУ – Финска, Естонија и Летонија. Поради тоа, членовите на конзорциумот на проектот тесно соработуваат за да обезбедат успешен развој на целите на 5G-Routes, се вели во соопштението.

Во рамките на проектот 5G-Routes, LMT ја координира имплементацијата на 5G инфраструктурата низ полигоните за тестирање на трите земји, во соработка со партнерите на 5G-Routes како што се Ericsson, Telia и други. Покрај тоа, летонскиотмобилен оператот е одговорен за обезбедување непречено поврзување на мобилната мрежа во прекуграничниот 5G коридор.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com