Home » Летово подгответе се за пандемиски бран наесен и во зимата

Летово подгответе се за пандемиски бран наесен и во зимата

by Журнал.мк

Комесарката на Европската комисија за здравје и безбедност на храна, Стела Киријакидес, ги повика 27-те земји-членки на Унијата да го искористат летото за да се подготват за нов бран на инфекции со коронавирус во есен и зима.

„Имајќи предвид можно влошување на епидемиолошката состојба, од клучно значење е да се задржи будноста“, рече Киријакидес.

„Летните месеци мора да се искористат за да се преземат неопходните активности во јавното здравство за следната фаза на пандемијата во есен и зима“, додаде таа.

Луѓето во Европа уживаат во летото без ограничувањата што беа во сила во последните две години, но напорите за ограничување на пандемијата мора да продолжат, рече таа.

Киријакидес повика на зголемени напори за примена на првите дози и дополнителни вакцини (т.н. бустери), потоа за подготовка на идната кампања за вакцинација против варијанти на омикрон и за следење и тестирање во текот на целата година.

Здравствените власти треба да имаат се подготвено за безбедно враќање на работа и на училиште по летниот распуст, нагласи таа.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More