Home » Леталото што се урна во Загреб носело бомба од 120 килограми, која експлодирала под земја

Леталото што се урна во Загреб носело бомба од 120 килограми, која експлодирала под земја

by Журнал.мк

Бомбата во беспилотното летало, што во четвртокот се урна во Загреб, беше со тежина од 120 килограми и експлодирала под земја, објави вечерва Хрватската радио-телевизија (ХРТ).

ХРТ цитирајќи висок извор од хрватското Министерството за одбрана наведе дека леталото од советско производство удрило во мека почва и затоа експлозијата се случила под земја, додека би имало катастрофални последици ако паднел на асфалт или бетон.

Хрватскиот министер за одбрана Марио Баножиќ потврди дека во кратерот се пронајдени траги од експлозив и делови од авиобомба, што укажува дека урнатото летало не било во извидувачка мисија.

Според дел од воените аналитичари не станува збор за авиобомба, туку за експлозија за самоуништување на опрема и податоци.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More