Еден од најпопуларните борци во УФЦ, Конор Мекгрегор направи хаос по погребот на неговата тетка Памела, која почина пред два дена.
Американските медиуми пишуваат дека Мекгрегор се скарал со едно лице, по што се случила масовна тепачка, а видеото се појави на социјалните мрежи.
Во пабот каде што ѝ оддавале почит на починатата жена се случи хаос, а засега нема коментар од Ирецот.