13.8 C
Skopje
Sunday, October 24, 2021

Лесни пари: Федерер за шест дена заработи десет милиони долари

Најчитани вести

Роџер Федерер во последен момент го откажа учеството во Дејвис-купот, по што од натпреварувањето се повлече и селекцијата на Швајцарија.

Наместо да игра репрезентативен тенис, Швајцарецот отпатува во Јужна Америка, каде одигра неколку ревијални натпревари против Александар Зверев, добро наплаќајќи го ова свое патување. Во рок од шест дена тој и Зверев ги минаа Чиле, Аргентина, Мексико и Еквадор, додека во Колумбија не настапија поради политичките протести во близина на арената.

Сето тоа беше одлично наплатено, па извори блиски до Федерер велат дека големиот ас добил вкупно 10 милиони евра за оваа авантура, тројно повеќе од сумата што ја заработил Зверев. Воедно, двајцата ветиле дека ќе се вратат во Богота да го одиграат мечот за кој веќе го зеле хонорарот.

Швајцарецот веќе најави дека голем дел од парите ќе ги донира во хуманитарни цели, но ова дефинитивно му е една од најлесните заработки во богатата кариера.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com