7.8 C
Skopje
Thursday, October 21, 2021

Лепавцов: Катастрофално изгледа опремата на АРМ, потребна е итна модернизација

Најчитани вести

За нас работата е завршена, ги чекаме Шпанците да формираат влада да можат да го ратификуваат протоколот, се надевам тоа ќе биде едно од приоритетите на новата влада. Ние и да имаме технички премиер треба да си ја одиграме таа улога во приемот на НАТО, парламентот исто така треба да е фунцкионален. Не треба да се доведеме во ситуација поради нас да се одложи приемот во НАТО, вели Андреј Лепавцов, пранешен амбасадор на Македонија во ЕУ.

Тој додава дека поради приемот на НАТО, армијата мора под итно да се модернизира и да се подигне опременоста на воената сила.

-Тешко ми падна на 8 сепмтеври, катастрофално изгледаа топовите, паѓаше боја од нив. На АРМ и треба итно финансирање и опремување. Која влада и да дојде треба да продолжи со тој тренд, исто така и да се издвои 2 отсто од БДП за армијата кој треба да го оставрии секоја членка на НАТО. Имаме ситуација полицијата да е поопремена од армијата. Таа ужива највисока доверба кај граѓаните и таа доверба треба да се оправда, вели Лепавцов.

Во однос на турбулентната ситуација која настана денеска на самитот во НАТО по изјавата на Трамп за ситуацијата во ЕУ, Лепавцов вели дека ние како некој кој е пред вратата на алијансата може само да се надеваме на смирување на ситуацијата и зголемување на буџетот на НАТО.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com