Леонардо Ди Каприо го демантира бразилскиот претседател : Не сум одговорен за пожарите во Амазонија!

0

Холивудскиот актер Леонардо Ди Каприо го негираше тврдењето на бразилскиот претседател Жаир Болсонаро дека тој помогнал во финансирање на здруженија, наводно, поврзани со пожарите во Амазонија.

„Иако тие заслужуваат поддршка, ние не ги финансиравме овие организации“, напиша Ди Каприо (45) во демантот на Инстаграм.

Во своето неделно обраќање во четвртокот, Болсонаро го обвини Ди Капри за „соработка во предизвикување пожари во Амазон“ со тоа што тој донирал 500.000 американски долари на доброволна противпожарна асоцијација, за која рече дека ги подметнувале пожарите во прашумата за да привлечат донации.

Иако не го докажа ваквото тврдење, Болсонаро рече дека Ди Каприо издвоил дел од 500.000 американски долари за „луѓе кои ги запалија пожарите“.

„Иднината е во прашање“, истакна Ди Каприо. Добро познатиот актер, долгогодишен активист за животна средина, напиша дека „иднината на овој незаменлив екосистем е во прашање и јас сум горд да застанам со групите што го штитат“, напиша тој.