21.8 C
Skopje
Friday, July 30, 2021

Ленче Ристоска го “доби“ Мијалков, не доби унапредување

Најчитани вести

Обвинителката, Ленче Ристоска која го водеше клучниот предмет на поранешното Специјално јавно обвинителство, „Таргет-Тврдина“, за масовното прислушување и за кој на 12-годишна затворска казна беше осуден поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков, не ја доби поддршката од Советот за јавни обвинители за унапредување.Ристоска конкурирала за обвинител во Вишото јавно обвинителство, но не доби доволен број на гласови за да биде избрана.Против промоција на Ленче Ристоска во виш јавен обвинител гласаа 7 од 11 члена на Советот на јавни обвинители: државниот јавен обвинител Љубомир Јовески, тројцата членови Албанци – Иџет Мемети, Фаик Арслани (и двајцата поранешни министри) и Арбер Исаку, поранешниот претседател на Советот, Коле Штерјев, како и членовите Јасна Жежова и Ангел Солев.

Од поранешните обвинители во СЈО, унапредување не доби и обвинителот, Љубомир Лапе, а конкурирал за обвинител и за во Вишото јавно обвинителство и за во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.Во Вишото обвинителство не беше избран ниту обвинителот од скопското обвинителство, Дарко Јакимовски кој го води предметот за големата несраќа кај Ласкарци и го застапуваше обвинението за обидот за убиствот на пратеникот Зијадин Села на 27 април.

Додека овие обвинители извисија, во Обвинителството за организиран криминал преминуваат Лиле Стефанова, Трајче Пеливанов, обвинителот кој заедно со Ристоска го водеше предметот за масовното прислушување, и Артан Ајро, поранешни обвинители во СЈО. Обвинителката Фатиме Фетаи не доби поддршка за во организиран криминал, но унапредена е во Вишото јавно обвинителство.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести