-1.2 C
Skopje
Monday, February 6, 2023

Ленин Јовановски: Tенкови може да ни прати Пенов, може и да пукаат, но протестот е законски

Најчитани вести

„Протестот на приватните превозници е законски и е законски најавен, доколку Ристо Пенов смета дека има нешто што е погрешно во целиот случај и дека може нешто да стори за да престане протестот, тогаш нека го направи тоа. Може и тенкови да ни испрати или можат да стрелаат врз возачите на блокадите“, изјави директорот на „Слобода превоз“ Ленин Јовановски како реакција на синоќешната изјава на министерот за локална самоуправа Ристо Пенов дека Владата има инструменти и насилно да ги прекине блокадите.

„Се анализира состојбата. Да се исцрпат сите можности за разрешување на проблемот па Владата да презема мерки, затоа што веќе не е само облигациониот однос и долгот од 1 милион кон приватните превозници. Веќе имаме раскинување на нивниот договор. Тие и да го добијат долгот се исклучени од натамошна работа и не верувам дека со исплата на долгот ќе престане протестот,” рече Пенов според кого во Советот на Град Скопје влијание врз мнозинството има ВМРО-ДПМНЕ и дека таа партија може, ако сака, на градоначалничката Данела Арсовска да ѝ наметне решение на проблемот.

Приватните автобуски превозници на „Слобода превоз” и „Макекспрес” веќе втор ден оваа недела протестираат со блокади на три важни сообраќајни точки во Скопје. Тие очекуваат решение за нивните барања, односно да се подмири или евентуално да се почне подмирувањето на долгот што Град Скопје и Јавното сообраќајно претпријатие го има кон нив.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести