12.8 C
Skopje
Monday, June 14, 2021

Лековит „супернапиток“ кој ја смирува кашлицата, спречува алергии и го регулира метаболизмот

Најчитани вести

Со цел да го зајакнеме нашиот имунитет, често посегнуваме по скапи суплементи и препарати. Но, често најефективното решение нѝ е на дофат на рака и тоа за речиси никаква сума на пари.

Сè што е потребно е да пронајдете глуварче кое е сега во сезона на цветање. Ова растение кое е богато со витамините А и Ц, калциум, калиум и натриум, поволно делува на бубрезите, ја смирува кашлицата, го смирува желудникот и ги ублажува симптомите на алергии.

Од коренот на глуварчето се припрема чај кој помага во ублажување на дигестивните тегоби, а неговата консумација се препорачува и кај лицата кои патат од дијабетес.

Стеблата од глуварче ја регулираат работата на метаболизмот, ја прочистуваат крвта и желудникот. Од цветовите се припрема сируп кој ја смирува кашлицата и е особено добар за деца.

Потребни состојки за сируп од глуварче:

– 200 гр. цветови од глуварче заедно со стеблата

– 2 лимони

– 1 килограм шеќер

Припрема:

Иситнете ги стеблата и цветовите од глуварче, па прелијте ги со литар и пол врела вода. Додајте ги лимоните исечени на кришки или исцедете го сокот од нив, па сè заедно варете на тивок оган околу половина час. Процедете, додајте го шеќерот па варете уште 15 минути. Ставете го сирупот во стерилизирани стаклени шишиња и чувајте го на темно и студено место.

Консумирајте 2-3 пати дневно по една лажица.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести