9.8 C
Skopje
Monday, December 6, 2021

Лековитите својства на дуњата

Најчитани вести

Душата е есенски плод кој воодушевува со нејзиниот специфичен мирис и вкус. Нашите баби секогаш чуваа по една дуња во секоја просторија да ја освежува со прекрасниот мирис.

Нејзината главна состојка е витамин Ц, за кој знаеме дека има важна улога во одржување и на физичкото и на менталното здравје.

Освен во исхраната, дуњите често се користат за лечење најразлични тегоби, од ублажување кашлица, па се до проблеми со варењето. Интересно е тоа што лековити се и плодот и листовите и семките.

Плодот содржи витамин Ц, витамини Б1 и Б2, каротен, калциум, калиум, натриум, како и мал дел протеини, а многу растителни влакна.

Семките, кога ќе отстојат во вода, ослободуваат слузава материја која многу помага при сува кашлица. Дуњата содржи и многу пектин, кој го регулира крвниот притисок и штити од штетните зрачења во природата.

Чајот од лист од дуња, пак, е одличен лек при дијареја. Исушените листови се полеваат со зовриена вода и се остава чајот да отстои 30 минути.

Се препорачува секој продукт добиен од дуњата, како и самиот плод, да се јаде наутро, за максимално искористување на бенефитите.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com