21.8 C
Skopje
Tuesday, June 15, 2021

Лекарската комора да побараат од Комисијата за заразни болести сериозно да ја разгледа можноста за нови рестрикции

Најчитани вести

Воведување на дополнителни рестриктивни мерки за да се намали ударот од новиот бран на корона вирусот побара денеска Лекарската комора на Македонија. Брзиот раст на бројот на заболени, но и исто толку брзото пополнување на болничките капацитети, се причината лекарите преку Комората да побараат од Комисијата за заразни болести сериозно да ја разгледа можноста за нови рестрикции.

ЛЕКАРСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА: „СВЕСНИ СМЕ ЗА ФАКТОТ ДЕКА ОВИЕ МЕРКИ СЕ КРАЈНО НЕПОПУЛАРНИ, НО ВО ИНТЕРЕС НА ОДРЖЛИВОСТ НА БОЛНИЧКИТЕ КАПАЦИТЕТИ И ЗАЧУВУВАЊЕ НА ЈАВНОТО ЗДРАВЈЕ, КАКО ЗДРАВСТВЕНИ ПРОФЕСИОНАЛЦИ, СМЕТАМЕ ДЕКА НИВНОТО ВОВЕДУВАЊЕ Е ПОВЕЌЕ ОД ПОТРЕБНО“, СТОПИ ВО СООПШТЕНИЕТО ОД ЛКМ.

Од Комората притоа бараат и граѓаните да ја сфатат сериозноста на ситуацијата од ширење на коронавирусот, при што наведуваат дека во неполни три недели од март заболеле нови 4.450 лица, што е за 50 проценти повеќе отколку бројот на заболени на 28 февруари, што пак го зголемува и бројот на лица кои завршуваат во болниците.

ЛЕКАРСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА: „КАПАЦИТЕТИТЕ НА БОЛНИЦИТЕ РЕЧИСИ СЕ ИСПОЛНЕТИ, СЕКОЈДНЕВНО БАРАМЕ ДОПОЛНИТЕЛЕН КРЕВЕТ ЗА ЗГРИЖУВАЊЕ НА ТЕШКО БОЛНИТЕ. ГОЛЕМ ПРОБЛЕМ ЗА ОДРЖЛИВОСТА НА ЗДРАВСТВЕНИОТ СИСТЕМ ПРЕТСТАВУВА И НАМАЛУВАЊЕТО НА БРОЈОТ НА АКТИВНИ ЗДРАВСТВЕНИ РАБОТНИЦИ, БИДЕЈЌИ И МЕЃУ НИВ РАСТЕ БРОЈОТ НА ЗАРАЗЕНИ И НА ОНИЕ КОИ СЕ ВО САМОИЗОЛАЦИЈА, А ДОПОЛНИТЕЛНО Е И ТОА ШТО СЕ СООЧУВАМЕ И СО ПРЕМОРЕНОСТ, БИДЕЈЌИ ЕПИДЕМИЈАТА ТРАЕ МНОГУ ДОЛГО“, СТОПИ ВО СООПШТЕНИЕТО ОД ЛКМ.

Во последното деноноќие само во Скопје на болничко лекување се примени 71 лице и утрово во главниот град имало само уште 40 слободни кревети. На ниво на целата држава слободни се уште 290 кревети, а од компликации од коронавирус се лекуваат 1.193 лица.

Построги мерки за да не колабира здравствениот систем побара и епидемиологот д-р Драган Даниловски кој во Топ Тема изјави дека нема доволно време да се види полициски час каков ефект би дал.

Ваквите мерки, дури и краткотрајни, вели Даниловски, ќе го намалат брзиот раст на бројките на новозаболени.

И додека лекарската фела отворено бара засилување на мерките, Комисијата за заразни болести тоа го остави за понеделник, чекајќи ги резултатите од воведениот полициски час, а не ги открива ни можните сценарија за воведување на нови рестрикции. Од Министерството за здравство за Телма велат дека и тие не ги знаеле мерките за кои размислува Комисијата.

„МИНИСТЕРСТВОТО ДО ОВОЈ МОМЕНТ ОД КОМИСИЈАТА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ НЕ ДОБИЛО ПРЕПОРАКИ ЗА НОВИ МЕРКИ ИЛИ ПРЕДЛОЗИ ЗА ЕВЕНТУАЛНИ СЦЕНАРИЈА ВО НАСОКА НА РЕСТРИКЦИИ КОИ МИНИСТЕРОТ ТРЕБА ДА ГИ ПРЕДЛОЖИ НА ВЛАДА“, СТОИ ВО ОДГОВОРОТ ЗА ТЕЛМА ОД МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО.

Засега кои мерки би се вовеле знае по се изгледа само претседателот на Комисијата д-р Жарко Караџовски кој и денеска за Телма не сакаше да открие кои мерки се планираат упатувајќи на одговорот кој го даде и вчера на истото прашање.

„Не би можел сега да ви кажам. Ви реков, бројките кажуваат се за актуелната состојба. Ја во глава имам сценарио А, Б, Ц, Д“, изјави Караџовски.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести