36.8 C
Skopje
Sunday, August 1, 2021

Лекарската комора во одбрана на колегата Мухамед Асани по скандалот со родилката од Дебар

Најчитани вести

Докторите од Лекарската Комората немаат одговор што содржи документот од стручниот надзор врз работата на гинекологот од Струга кој на родилката Јилдз Веапоска и извадил јајник, матка и бубрег.

„Како претседател на Лекарската комора не сум дел од работењето на ниту една таква комисија. Како претседател не значи дека имам слобода да земам увид и да читам документи. Јас сум гастроентеролог, ама кога одев на пораѓај со царски рез точно знаев дека можат да се случат компликации и дека ако почне крварење тоа може да заврши со вадење на матка“, рече престедателката на Лекарската комора, Калина Гривчева Старделова.

Асани до вчера беше член на Извршниот одбор на Комората, но неговата функција во ова тело е ставена во мирување и тоа поради притисокот од јавноста, признаа од Комората. Велат за целиот случај натаму биле надлежни други институции, Министерството и Обвинителството.

Во Извештајот на Лекарската комора се вели дека пациентката е соодветно примена и адекватно предоперативно подготвена за породување и не се евидентирани пропусти во оперативното породување.

„По направениот увид во медицинската документација и разговорот со медицинскиот тим од ЈЗУ ОБ Струга, кои учествувале во третамнот на лекување на пациентката Јалдз Веапоска Комисијата констатира дека пацинетката е соодветно примена и адекватно предоперативно подготвена за елективно завршување на бременоста, не се евидентирани пропусти при оперативното завршување на породувањето и во текот на постоперативно следење и менаџмент на пациентката. Лекарската екипа инволвирана во лекувањето и третманот на пациентката соодветно и навремено реагирала при првите знаци на влошување на општата здравствена состојба на пацинетката и ги искористила сите расположливи ресурси на болницата за адекватно згрижување на пацинетката во услови на живото-загрозувачка состојба”, се вели во Извештајот на Лекарската комора.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести