30.8 C
Skopje
Sunday, September 26, 2021

Лекари од публика ја спасуваа српската глумица Слобода Миќаловиќ

Најчитани вести

Додека српската глумица Слобода Миќаловиќ за време на претставата „Лоренџачо“ глумела дека умира, а актерите околу неа изгледале загрижено, на сцената се качила докторка од публиката која сакала да ѝ укаже лекарска помош, пишуваат српските медиуми. Претставата се одржала во Ужица, на втората натпреварувачка вечер на „Југословенскиот театарски фестивал“.

Во една од сцените Миќаловиќ почнала да мавта со рацете како да не ѝ е добро, паднала и се фатила за актерот Бранислав Лечиќ. Во тој миг публиката почнала да вреска, некои од присутните станале на нозе и почнале да викаат: „Неа навистина не ѝ е добро! Помогнете ѝ!“. Веднаш потоа на сцената се качила докторка, началник на Одделот за неврологија во болницата во Ужице, која сакала да ѝ помогне на Слобода. Во тој момент, еден од глумците ја прегрнал докторката и ѝ покажал дел од сценариото на својот мобилен телефон, па таа сфатила дека сè е тоа дел од претставата, а дека Слобода одлично ја одглумила сцената.

За потсетување, Слобода е сопруга на глумецот Војин Ќетковиќ. Позната е по улогите во филмот „Зона Замфирова“ и сериите „Ранетиот орел“ и „Непобедливо срце“.Текстот Лекари од публика ја спасуваа српската глумица Слобода Миќаловиќ е превземен од Reporter.mk.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com