29.8 C
Skopje
Thursday, July 7, 2022

Леди Гага толку моќно ја бранеше жртвата на Кавано што го занеме Стивен Колбер

Најчитани вести

Викендов долгомесечните дискусии за дебитантскиот филм на Леди Гага веројатно ќе резултираат со успех на „Ѕвездата се роди“ на благајните. 

Гага вчера гостуваше во „Лејт шоу со Стивен Колбер“ не само за да го најави филмот, туку и да даде моќна и трогателна изјава за д-р Кристин Блејзи Форд и нејзините храбри обвиненија против судијата Брет Кавано.

„Она што го чув на вестите за оваа дебата на Каванао наспроти д-р Форд е една од највознемирувачките работи што некогаш сум ги видела“, почна Гага.

„Јас сум жртва на сексуален напад. Трамп пред некој ден зборуваше на митинг и рече: ‘Таа не се сеќава ни како стигнала на забавата. Треба ли да веруваме дека таа се сеќава на нападот?’ И одговорот е ‘да’… А знам и дека оваа жена е паметна бидејќи таа е психолог – таа не е кукла. Ако некој е нападнат или преживува траума, постои наука и научен доказ, тоа е биологија, дека луѓето се менуваат. Мозокот се менува. Тој ја зема траумата и ја става во кутија и ја става настрана и ја затвора за да можеме да ја преживееме болката. А прави и многу други работи. Може да предизвика болка во телото. Може да предизвика зголемување на вознемиреноста. Може да предизвика целосно избегнување и несакање дури да се сеќавате или да размислувате за она што ви се случило. Но јас верувам дека кога оваа жена видела дека судијата Кавано веројатно ќе биде поставен на највисоката позиција на моќ во судскиот систем на оваа земја, нешто ѝ се активирало и таа кутија се отворила. А кога се отворила таа кутија, таа била доволно храбра да го сподели тоа со светот за да ја заштити оваа земја.“

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com