27.8 C
Skopje
Friday, July 30, 2021

Легенда на Ливерпул урнебесно ги истрола Арсенал и Јунајтед после дербито

Најчитани вести

Легендата на актуелниот европски првак Ливерпул, Џејми Карагер урнебесно ги истрола големите ривали на „црвените“, Арсенал и Манчестер јунајтед после меѓусебното дерби кое синоќа заврши без победник 1-1 во Премиерлигата.

Ливерпул со седум победи и максимален ефект е убедлив на табелата, а некогаш Арсенал и посебно Јунајтед им беа големи ривали на фудбалерите од градот на Битлси, ама според Карагер каде се пласирани во моментов, таков им е и севкупниот квалитет. Иако трошат милиони евра на засилувања.

„Арсенал и Манчестер јунајтед пред дербито беа на осмото односно 11-то место во Премиерлигата. И за време на дербито на теренот изгледаа така – како осмо и 11-то пласиран тим во лигата“, рече Карагер, кој е стручен коментатор на „Скај Спорт“.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести