8.8 C
Skopje
Saturday, March 25, 2023

Легендата на Манчестер јунајтед „распали“ по Лукаку: Тој е предебел, има преку 100 килограми!

Најчитани вести

Поранешниот фудбалер на „ѓаволите”, Гери Невил „распали” по Ромелу Лукаку и меѓу редови откри зошто напаѓачот е продаден, вели дека Белгиецот бил предебел и имал преку 100 килограми.

Ромелу Лукаку по две години престој си заминува од Олд Трафорд. Синоќа Манчестер јунајтед ја прифати понудата на Интер за која медиумите од Италија пишуваат дека е 65 милиони евра и уште додатни 13 милиони евра во бонуси, додека пак медиумите од Англија велат дека се работи за зделка од 80 милиони евра вклучувајќи ги и бонусите.

Белгиецот утрово околу 2 часот слета во Милано и наскоро ќе го комплетира трансферот. По вестите дека паднал договор, Гери Невил меѓу редови откри зошто Манчестер јунајтед го продава напаѓачот и жестоко удри по играчот.

„Самиот тој призна дека е предебел! Има преку 100 килограми! Зборуваме за играч на Манчестер јунајтед! Секако дека ќе постигнува голови во Интер но непрофесионалноста е заразна“ – напиша Невил на Твитер.

Најнови вести