„DeLorean“ се врати во облик на електричен новитет со атрактивен изглед.
„DMC-12“ е класика за себе и судејќи по сè е една завршена приказна. Точно, автомобилот послужи како инспирација во создавањето на наследникот кој сега го носи името „Alpha5“. Тоа е сè уште купето со препознатливи „gullwing“ врати кои се отвораат нагоре, но и задни „ролетни“ кои се веројатно двата најважни стилски детали на оригиналот.

„ItalDesign“ во осмислувањето на новиот автомобил ги задржал актуелните трендови во дизајнот. Пред сѐ, тоа се огромните тркала, но и многу тенките LED светла од предната и задната страна. Внатре очекувајте дигитален кокпит и вградени индивидуални седишта одзади. Самиот факт што нема носач Б значи дека лесно се влегува и излегува од кабината.
„DeLorean“ не е мал автомобил. Должината е 4995 мм, широк е 2044 мм и висок 1370 мм. Ќе се произведува во Италија, а погонот ќе доаѓа од Велика Британија.

Моторот е сè уште тајна. Производителот открива дека достигнува 96 км/ч. за 3 секунди, а забрзува до 142 км/ч. за 4,35 секунди. Со батерии со капацитет над 100 kWh, има опсег поголем од 483 километри. А тоа е само основниот модел.
„DeLorean Alpha5“ започнува со производство во 2024 година, а ќе бидат произведени само 88 примероци. Доколку проектот се покаже како успешен, во производство би можеле да влезат уште неколку модели, вклучувајќи купе со V8 мотор, електрична лимузина и SUV со погон на водород.



