-0.2 C
Skopje
Sunday, December 5, 2021

Легендарниот Шабан Трстена хоспитализиран поради Ковид-19: Четири дена бев во тешка состојба, сега сум подобро

Најчитани вести

Поранешниот олимпиеец и спортска легенда на Македонија, Шабан Трстена објави дека е хоспитализиран поради позитивен тест на Ковид-19.

Трстена се огласи прекку неговиот Фејсбук профил каде што напиша дека веќе некое време води битка со вирусот.

„Ве поздравувам од болница, мои почитувани добри луѓе. Дозволете ми од мое име да им се заблагодарам на сите што ме контактираа преку телефонски мрежи низ целиот свет, од наши соседи од Балканскиот полуостров, од Европа и Америка, сè до мојата родна земја, Македонија. Навистина со рака на срце, ви благодарам на сите и горд сум што ве имам како мои пријатели. Браво што се јавувате само да прашете за моето здравје и состојба како сум, за вашите коментари со поддршка и ви благодарам многу на сите за молитвите што ги упативте за моето здравје. Тоа покажува дека и во тешки случаи останувате близу мене. Но, навистина не можејќи да ви одговорам на сите еден по еден, дозволете ми преку овој пост да ве поздравам со почит и искрено до сите што ме респектиравте како личност и како спортист. Овие четири дена бев во многу тешка состојба со моето здравје, и од оваа ситуација во моментов сум под режим и покровителство на херојски лекари, кои се 24 часа подготвени да помогнат. Благодарение на лекарите и секако благодарение и на Бога, од денес се чувствувам подобро и малку поудобно. Јас со мојот борбен дух се борам да го надминам овој предизвик и сум оптимист и се надевам, во име и на Бога ќе успеам и во оваа борба и ќе го победам. Мои пријатели, браќа и сестри, спортисти, уметници, професори, писатели, новинари, глумци. Нема што повеќе да кажам само да бидете внимателни, следете ги правилата и водете сметка за вашата хигиена бидејќи Ковид-19 не знае кои сте вие, не простува и нема милост“, стои во неговата објава на Фејсбук.

Зад себе Трстена претставувајќи ја Југославија има едно олимписко злато, две европски и уште многу сребрени и бронзени медали.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com