23.8 C
Skopje
Saturday, June 19, 2021

Лев: Германија изгледаше премногу уморно, разочарани сме

Најчитани вести

Трефејниот селектор на фудбалската репрезентација на Германија, Јоаким Лев ги сумираше впечатоците по синоќешниот пораз (1:2) од македонската репрезентација во квалификацискиот меч за СП 2022.

– Ние сме целосно разочарани, нашиот тим изгледаше премногу уморно. Немаше енергија во нашата игра, направивме премногу грешки. Кога брзо ја движевме топката, изгледавме опасно. Нашиот противник беше длабоко во својата половина, па не можевме да најдеме начин да ги разбиеме. Општо, ова е разочарување, го цитира Лев официјалната веб-страница на германската репрезентација.

По овој натпревар Германија и С Македонија имаат по шест бода и се на делба на втората и третата позиција во групата Ј, каде лидер е Ерменија со девет бода по трите одиграни кола.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести