4.8 C
Skopje
Sunday, April 2, 2023

Лев бек од Парма доаѓа во Фенер – Алиоски си оди, ама ќе остане во Турција?

Најчитани вести

Џајден Остервелде, левиот бек од италијанска Парма доаѓа во турски Фенербахче за вкупни 8,5 милиони евра сосе бонуси и со тоа ќе заврши авантурата на македонскиот репрезентативец Езџјан Алиоски, објавија турските медиуми.

Остервелде е пред официјализација на трансферот во Истанбул, па од моментот кога ќе го потпише договорот, Фенербахче според најавите ќе го прекине заемот на македонскиот репрезентативец, кој дојде од саудиски Ал Ахли за оваа сезона.

Повеќе од две недели се најавува разделбата на Фенербахче со Алиоски, а истовремено од Турција доаѓаат најави дека три клубови во Суперлигата го чекаат моментот на разделба на гигантот со македонскиот лев бек за да успеат да го добијат неговиот потпис и тој да продолжи да игра во Турција.

Алиоски до крајот на минатата 2022 година се најавуваше дека ќе остане долгорочно во Истанбул и дека Фенербахче за два до два ипол милиони евра ќе го откупи неговиот договор, но потоа во ек додека беше повреден, излезе проблемот дека не го засоволува Жорге Жесус и дека тој бара нов лев бек како засилување во трката за шампионската титула.

Најнови вести