-2.2 C
Skopje
Sunday, February 5, 2023

Левица со кривична пријава против менаџерите на ЕВН заради непријавување кражба на струја во Арачиново

Најчитани вести

Ја известуваме јавноста дека Правниот сектор на Политичката партија Левица, до Основното јавно обвинителство – Скопје, поднесе кривична пријава против двајца менаџери на „Електродистрибуција“ ДООЕЛ: Сашо Салтировски и Јохен Хагеман – поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „Непријавување на кривично дело или сторител“ – казниво по чл. 364, ст. 1 од Кривичниот законик на РМ, со запретена затворска казна до три години.

Пријавените се теретат дека – во својство на службени лица, управители на компанија за снабдување со електрична енергија –во подолг временски период свесно и намерно прикривале и не пријавувале кражба на струја во поголем износ, односно незаконско користење електрична енергија од страна на жителите на општина Арачиново.

Со толерирање на илегалните приклучоци на електродистрибутивната мрежа, сторена е штета во износ од шест милиони ЕУР на годишно ниво!

Очекуваме, надлежното ОЈО – Скопје, сериозно да ја земе во работа оваа наша издржана кривична пријава и по неопходниот распит на пријавените, како и по комплетирање на целокупната релевантна документација за ова продолжено кривично дело, да покрене обвинение против актуелните управители на ова правно лице.

Со ова, еднаш-засекогаш би се ставил крај на сè позачестената неказнивост на дивите приклучоци на струја во оваа конкретна општина, во која – благодарение на заштитата дадена од антимакедонската владејачка коалиција на СДС и ДУИ – не важат нашите закони, стои во соопштението од Левица.

ЛЕВИЦА

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести