Home » Левица: Се заканува прекин на издавањето лекови од аптеките поради неефикасноста на ФЗОМ?

Левица: Се заканува прекин на издавањето лекови од аптеките поради неефикасноста на ФЗОМ?

by Журнал.мк

Министерот Беким Сали од Алтернатива изјави дека не е запознаен со проблемот со кој се соочуваат лекарите и фармацевтите поради неефикасноста на информатичкиот тим во Фондот за Здравствено Осигурување на Македонија!

Фармацевтската Комора дури побара инструкции од Фондот за натамошно постапување, односно дали аптеките и понатаму да издаваат лекови, или издавањето да го прекинат? Недоволната одбрана на системот за исплата на боледувањата, породилното и рефундациите на лековите издадени од аптеките ги спречува граѓаните да го остварат своето фундаментално право на здравствена заштита.

Софтверските системи кои се дел од критичната инфраструктура на државата не е прв пат да бидат цел на хакерски напади, особено во последните неколку години кога стручните тимови за сајбер безбедност се редуцирани во сите министерства на сметка на оптоварување на буџетите преку вработување на партиски кадри. Здравственото осигурување во Македонија функционираше како едно од најдостапните во Европа, а по политичкото дефундирање на менаџментот почна да се урива како кула од карти.

Први луѓе на Фондот за здравство се Магдалена Филиповска Грашкоска од СДС и Фатон Ахмети од ДУИ кои располагаат со буџет од околу 600 милиони евра, дозволувајќи стотици здравствени осигуреници да се мачат затоа што немаат соодветни лекови, вклучително и лековите за ретки болести, чиј пример е трикафта!

Погубна е судбината на пациентите кои се соочуваат со незаинтересираноста на Владата и министерот во заминување која дополнително го уништува (и онака) кревкиот здравствен систем, а Левица реагираше и на непромислената замена на министрите на сметка на опстанок на “владиното мнозинство“.

Конзистентноста е исклучително важна за неколку министерства, а СДС и ДУИ одбираат токму со нив да се пазарат, во состојба на економска, здравствена и политичка криза во Македонија.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk