26.8 C
Skopje
Sunday, June 20, 2021

Левица гласаше против промена на имињата на улиците како на пример Стив Наумов, Славко Јаневски, Блаже Конески, Салвадор Аљенде…

Најчитани вести

Советот на Град Скопје на вчерашната седница усвои одлука со која се менуваат имињата на 485 улици и 8 мостови, плоштади и други инфраструктурни објекти во градот. Ваквата одлука беше поздравена од Сојузот на борците од НОАВМ и граѓаните продолжувачи, Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ и од Фондацијата „Славко Јаневски“, но не и од Левица како партија со лева политичка идеологија. Имено, претставничката на Левица во Советот на Град Скопје, Драгана Велковска, гласаше против оваа одлука целосно занемарувајќи го фактот дека нејзината партија како левичарска партија би требало да е идеолошки поблиска со социјалдемократите отколку со конзервативната десница предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Со вчерашната одлука на Советот на еден начин се исправа историска неправда со што се враќаат дел од старите имиња на улиците кои беа променети во текот на 2012 година спротивно на волјата на граѓаните кои живеат на тие улици. Не само што се враќаат дел од имињата кои се идеолошки поврзани со НОБ и социјалистичкото минато Железничка, Стив Наумов, Салвадор Аљенде, 4 Јули, 29 Ноември, Бихаќка, Владимир Комаров, Руди Чајавец, Жарко Зрењанин, Ратко Митровиќ и други, туку се враќаат и познатите Ленинова, Водњанска, Драчевска кои се дел од колективната меморија на скопјани.

Дополнително се додаваат и Блаже Конески и Славко Јаневски кои неправедно беа запоставени од претходната локална власт, најверојатно од исто такви „идеолошки“ причини.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести