Home » Леванте и Олимпијакос се договорија, се чека Барди да го прифати трансферот!

Леванте и Олимпијакос се договорија, се чека Барди да го прифати трансферот!

by Журнал.мк

Шпански Леванте и грчкиот гигант Олимпијакос се договориле за трансфер на македонскиот репрезентативец Енис Барди во Пиреа, за севкупни 4,5 милиони евра, објави мадридски „АС“, па за реализација на трансферот сега се чека само фудбалерот за врска да каже – ДА.

Шпански медиуми уште од вчера објавија дека Леванте и Олимпијакос се во напредни преговори за трансфер, според кои Олимпијакос ќе плати веднаш три милиони евра, а на шпанскиот клуб ќе му следуваат уште 1,5 милиони евра во бонуси за да го добијат македонскиот репрезентативец.

Сега останува сѐ на Барди да ја прифати понудата која ја има за 700.000 евра годишна плата во Пиреа. Барди веќе одби една понуда за преселба во САД, посакуваше да остане во „лига петка“, но и покрај бројните информации за интерес, конкретна понуда од елитните лиги не дојде.

Тој во Леванте е од летото 2017 година кога дојде за 1,5 милиони евра од Ујпешт, а има договор до 2024 година, откако во мај годинава автоматски му беше продолжен за нови две сезони, но шпанскиот клуб испадна од Ла Лига.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk