21.8 C
Skopje
Friday, July 30, 2021

Левандовски со Златна топка на СКП ја заокружи годината за паметење!

Најчитани вести

Роберт Левандовски вечно ќе ја памети 2020 година, како најдобрата во својата кариера, затоа што со Баерн Минхен освои се што може да се освои и собра голем број на признанија зад своето име.

Последната титула која ја освои со „баварците“ е на Светското клупско првенство (СКП), со триумф над Тигрес (1-0). Левандовски по финалето ја доби Златната топка за МВП на турнирот, па ова е уште едно признание за него, за 2020 година.

Левандовски беше најдобар играч во светот за изминатата година, најдобар играч во Европа, најдобар стрелец во Лигата на шампионите, најдобар стрелец во Бундеслигата… и сега доаѓа признанието за најдобар на СКП.

Сребрената топка ја доби Андре-Пјер Жињак од Тигрес, кој исто така е прогласен и за најдобар стрелец со три постигнати гола, додека бронзената топка замина во рацете на Џошуа Кимих од Баерн Минхен.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести