СДСМ го поздравува фактот што цената на белиот и полубелиот леб е замрзната на 33 денари, за заштита на стандардот на граѓаните во време на глобална криза. Потенцираат дека „нема да дозволат богатење на грбот на граѓаните.“.
Од владеачката партија додаваат дека со помошта од државата за струјата, со моменталните цени на суровините, 450 грама леб не би требало да се продава за повеќе од 33 денари, во кои се вклучени и 6 денари како профит што останува кај пекарите.
-Владата предводена од СДСМ обезбеди далеку пониска цена на струјата за пекарите од 80 евра за мегават час, што е скоро како за домаќинствата во период, во ноември лани, кога електричната енергија на берзите беше околу 300 евра за мегават час.
Субвенционираната електрична енергија им се укинува, бидејќи компаниите кои што ја користеа не ги намалија цените на производите што беше главна цел на мерката, стои во соопштението од партијата.