Home » ЛДП: Институциите транспарентно да ја водат истрагата, оние кои направиле злоупотреби да одговараат

ЛДП: Институциите транспарентно да ја водат истрагата, оние кои направиле злоупотреби да одговараат

by Журнал.мк

Изразуваме голема загриженост во однос на вознемирувачките информации изнесени во медиумите запрепродажбата на лекови и оставање на болните од карцином без терапија на Клиниката за онкологија и радиотерапија. Откако МВР и Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје влегоа во оваа здравствена установа за да направат претрес во рамки на предистражната постапка поврзана со одземањето на терапиите за болни од рак и продавање на црниот пазар од страна на вработени во Клиниката, реагираа од Либерално-Демократската партија.

Злоупотребите за кои слушаме се пораз на општествениот систем си значат повреда на правата на пациентите, но и непочитување на основните етички принципи во вршење на здравствената дејност, како и прекршување на основното човеково право на живот. Либерално-Демократската партија ги охрабрува засегнатите институции внимателно и транспарентно да ја водат истрагата, односно да не дозволат повторно да сведочиме на немање одговорност и прикривање на вистинските факти. Оние кои правеле злоупотреби со цитостатици и ги ставиле во опасност човечките животи, треба да одговараат и да го знаеме нивното име и презиме, час поскоро.“ – вели претседателката на ЛДП Моника Зајкова.

Таа додава дека секој човек е важен и има еднакво право на соодветен третман во здравството.

Секој од нас може да се најде во состојба да му е неопходна терапија за да си го продолжи животот. Не дозволиво е повеќе да ни умираат децата, родителите, ние за некој неовластено да стекнува финансии. Секој човек е важен и има еднакво право на соодветен третман. Затоа повикувам и на морална одговорност на менаџментот на Клиниката и кривична одговорност и јавно објавување на сторителите. Потребна е итна реорганизација на здравствениот систем и поставување на систем на индивидуална одговорност.“ – истакна претседателката Зајкова.

Од партијата потенцираат дека му даваат поддршка на Јавното обвинителство и другите органи и очекуваат што поскоро да се расчистат сомнежите, како и да се споделат со јавноста точни информации за тоа што се случувало на Клиниката за онкологија која е единствена здравствена установа од ваков тип и таму се лекуваат најголем број пациенти болни од рак.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk