-6.2 C
Skopje
Tuesday, January 25, 2022

Ла Лига им забрани на шпанските тимови да рекламираат обложувалници

Најчитани вести

Шпанските фудбалски екипи од денеска не смеат да рекламираат на своите дресови обложувалници и казина, а пет прволигашки екипи сè уште не успеаја да најдат заменски спонзори, иако веќе се одиграа три кола од новата сезона.

Реал Сосиедад, Алавес, Кадис, Гранада и Мајорка влегоа во новата сезона без спонзори на своите дресови. Фудбалерите на Кадис изминатиот викенд за последен пат истрчаа на теренот со жолти дресови на кои беше испишано името на филипинската обложувалница Dafabet.

– Баравме правен начин да го задржиме тоа име на нашите дресови, но, сепак, ќе мораме да пронајдеме заменски спонзор. Веројатно ќе успееме во тоа, соопшти клубот од југот на Шпанија, кој годишно од Dafabet инкасираше два милиона евра.

Шпанската левичарска Влада на крајот од минатата година донесе закон со кој рекламирањето на обложувалници и игри на среќа од денеска целосно се забранува на спортски настани, додека на телевизиите и радијата се ограничува само во период од 1 до 5 часот наутро.

Ла Лига, телото кое ги организира натпреварувањата во првата и втората фудбалска лига во Шпанија, објави дека 32 од вкупно 42 професионални екипи имаат спонзор поврзан со секторот на обложување и игри на среќа.

– Да се има толку голем број на фудбалери, кои рекламираат обложувалници, или, носат дресови со име на обложувалници и на тој начин ги повикуваат младите да се обложуваат не е добра порака. Тоа не е игра каква што сакаме, изјави директорот на владиното тело за регулирање на игрите на среќа во Шпанија, Микел Арана.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com