23.8 C
Skopje
Tuesday, July 27, 2021

„Ла Верита“ тврди: Заев и Филипче сакале да набават кинески вакцини преку фантом фирма од Хонг Конг

Најчитани вести

Италијанскиот весник „Ла верита“ тврди денес дека причината за враќање на авансот за вакцините од „Синофарм“ е тоа што зделката требало да се одвива преку фантом фирма со седиште во Хонг Конг.

„Ла верита“ пишува дека поседува две писма од министерот за здравство Венко Филипче, од кои, според нив, пррвото писмо докажува дека испратил барање до кинескиот ‘Синофарм’ дури на 25 декември 2020 година. Во второто писмо од 25 јануари министерот пишува дека би ја ослободил Кина од каква било можна одговорност од негативни ефекти од вакцината. Ова, според медиумот, го потврдува притисокот врз нашата влада за финализирање на договорот. Заев подоцна се обратил до Пекинг, но на крајот на февруари комунистичкиот Пекинг му го вратил авансот. Причината за ова е тоа што зделката требало да се одвива преку фантом фирма со седиште во Хонг Конг, која е наведена исто така во сите официјални писма на министерот. Фактот што приватна фирма, која според првични анализи нема стабилни темели, но има доволно средства депонирани во германската Дојче банк, била вклучена од страна на македонската влада во посредувањето, во Пекинг отворило сомневање дека можеби се наоѓаат пред обид за измама, и тоа довело до поништување на процедурата.

„Кина уште од почетокот на пандемијата се држи до принципот на директно управување со помошта и провизиите со владите. Уште еднаш, потенцијалниот обид за корупција извршен од мрежата на Заев, дури и на сметка на здравјето на граѓаните, овој пат се судри со тврдоглавоста на комунистичкиот кинески режим“, тврди „Ла верита“.

Премиерот Заев во вчерашното интервју за ТВ Сител кажа дека Владата се обидела да набави од кинеските вакцини по различни канали, дека се направени обиди и за купување на вакцини и преку партнерската компанија на Синоходро, Пауер Чајна, компанија која учествува на тендерот за хидроцентралите Чебрен и Галиште.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести