18 C
Skopje
Friday, May 7, 2021

,,Ла Верита” објави нова снимка за ,,Рекет”, се слуша и гласот на Катица Јанева

Најчитани вести

Нова снимка e објавена изутринава на профилот на италијанскиот новинар Ларис Гајсер, којашто е поврзана со случајот „Рекет“ во земјава.

Гајсер најави дека во италијанскиот весник „Ла Верита“ ќе објави серија снимки поврзани со корупцијата во земјава. На втората аудио-видео снимка може да се слушне разговорот меѓу Бојан Јовановски, познат како Боки 13 и бизнисменот Орце Камчев, но се слуша и гласот на специјалната јавна обвинителка во оставка Катица Јанева.

„Не се секирај за ништо се ќе биде ОК“, му вели Јанева на бизнисменот Орце Камчев во еден дел од снимката.

На втората снимка се слуша комплетната верзија од втората „бомба“ на италијанскиот весник.

Италијанскиот весник La Verita вчера објави видео на кое се гледа како Боки 13 и Зоки Кичеец со торба со пари излегуваат од домот на Орце Камчев. На видеото се гледа и како се бројат спакуваните пари.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести