Home » Лајчак од денеска во тридневна посета на Косово

Лајчак од денеска во тридневна посета на Косово

by Журнал.мк

Специјалниот претставник на Европската унија за диалогот меѓу Косово и Србија и други регионални прашања на Западен Балкан, Мирослав Лајчак ќе допатува денеска во тридневна официјална посета на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

Канцеларијата на ЕУ во Косово преку соопштение за јавноста вчера информира дека Лајчак ќе се сретне со премиерот Албин Курти, како и со лидерите на главните опозициски партии и со претставници на меѓународната заедница во земјата.

Според соопштението, за време на престојот во Косово, претставник на ЕУ планира да ги посети и градот Призрен и северниот дел на државата, населен со мнозинско српско население, додека обраќање пред медиумите е предвидено за в среда, на 29 јуни.

Посетата на Лајчак доаѓа откако минатиот вторник, на 21 јуни, Приштина и Белград го усвоија во Брисел Патоказот за имплементација на енергетските договори од 2013 и 2015 година.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More