18.8 C
Skopje
Friday, July 30, 2021

Лајпциг ќе го откупи Анхелињо од Манчестер сити

Најчитани вести

Германскиот фудбалски бундеслигаш Лајпциг ќе го купи дефанзивецот Анхелињо од редвите на англискиот Манчестер сити. Според „Кикер” германскиот клуб ќе ја активира опцијата за откуп на 24-годишниот Шпанец во износ од 18 милиони евра.

Анхелињо игра за Лајпциг како позајмен фудбалер од Манчестер сити од јануари 2020 година. Тој има девет голови и 16 асистенции на 46 настапи за тимот.

Порталот „Transfermarkt.com” ја проценува вредноста на играчот на 35 милиони евра.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести