1.8 C
Skopje
Saturday, January 28, 2023

Лајен во посета на Хрватска

Најчитани вести

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска ќе го посети Загреб, каде ќе предаде оценка за хрватскиот план за обнова по пандемијата со Ковид-19, а потоа ќе учествува на владината седница и ќе ја посети фабриката за електрични автомобили „Римац автомобили“.

Лајен ќе ги посети сите земји-членки и лично ќе им презентира проценка на националните планови за закрепнување.

Таа за време на тие посети ќе претстави еден или повеќе проекти што ќе бидат финансирани со европски средства за обнова, јаву хрватската новинска агенција ХИНА.

Хрватска има 6,3 милијарди евра грантови и 3,6 милијарди заеми од Механизмот за обнова и претходно одлучи засега да не користи заеми, туку само бесповратни средства.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести