Не постои поголема трансфер сага од таа за српскиот фудбалер за врска во Лацио, Сергеј Милинковиќ-Савиќ, зашто веќе година ипол, Лацио на секоја посериозна понуда има одговор дека треба повеќе за да го продадат својот фудбалер.
Пред една година, Клаудио Лотито објави дека одбил преку 120 милиони евра за Србинот, кога тој играше во неверојатна форма, но изминатата сезона беше многу послаба, Србинот во долги периоди беше непрепознатлив, па цената речиси за двојному падна. Но, и покај тоа, интерес за него има, па сега стигнала иекстра конкретна понуда од 80 милиони евра. И тоа од Манчестер јунајтед, кој веќе подолго време го има на радарот.
Арно ама, од Лацио повторно – не. Малку им биле 80 милиони евра. Сега Лотито им порачал дека минимумот е 100 милиони. Првиот човек на „лацијалите“ е свесен дека Пол Погба сака да си оди, а на „ѓаволите“ им се брза да најдат добра замена, па планира да се исценка и до врв да ја наполни касата.
Така сапуницата за популарниот СМС продолжува и е бескрајна. Ако се суди по инаетот на Лотито, поизледно е дека Сергеј ќе остане во Рим отколку што ќе направи трансфер. Слично беше и лани, кога првиот човек на „орлите“ лицитираше со 100, па 120 и стигна дури до 150 милиони евра.