-3.2 C
Skopje
Wednesday, January 19, 2022

Ласерска епилација – Принцип на работа

Најчитани вести

Непосакуваните влакна по лицето и телото се многу чест проблем и за жените и за мажите.

Современата медицина сè повеќе ја истакнува ласерската епилација како поздрава, побезбедна и поефикасна од другите методи. Благодарение на ласерската епилација доаѓа до уништување на фоликулот на влакното преку топлината на ласерската енергија. Со помош на овој метод, фоликулите се уништуваат за неколку секунди.

Постојат различни видови на ласери кои се користат за оваа цел, но најмногу се препорачува диодниот ласер.

За започнување со ласерската епилација, најпрепорачлив период е најмалку две години од појавата на првата менструација . Кај мажите тоа не важи но, сепак се препорачува да се започне по 18. година од животот. Единствената разлика кај мажите е тоа што кај нив третманите може да се повторат повеќепати во однос на жените, поради дејството на машките хормони врз растот на влакната.

Цел на ласерското светло се фоликулите на влакната со што се елиминира или значително се попречува повторно растење на влакна, со тоа што се намалува и престанува исхраната на влакното преку крвните садови.

Ласерската сонда ослободува инфрацрвена светлина во импулси, таа го загрева коренот на влакното. Таа поминува низ средниот дел од кожата и се апсорбира во пигментот – меланин, така се забрзува загревањето на коренот на влакното и доаѓа до негово уништување. Ласерскиот импулс трае доволно за да го уништи влакното. Секако, на главатa од ласерот има активно ладење, што пак ја штити кошата од сштетување и ја одстранува болката.

Резултатот зависи од квалитетот на влакната, бројот на фоликулите на влакната, различниот метаболизам и хормоналното ниво на секој поединец.

Со овој метод може да се третираат сите делови од кожата на лицето и телото, освен околуочната регија.

И да не заборавиме, при овој третман треба да користиме соодветна медицинска козметика која е препорачана од дерматовенеролог.

Препорака на Аптека ДНА АННИ ФАРМ за нега на кожа пред и по ласерска епилација е медицинската козметика

URIAGE Уриаж Archives – Аптека ДНА Анни Фарм (annifarm.com.mk)

Продолжуваме следната среда со нов блог, на тема

Ласерска епилација – Текот на третманот

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com