14.8 C
Skopje
Tuesday, September 21, 2021

Лапорт аут најмалку 4 месеци

Најчитани вести

Дефанзивецот на Манчестер Сити, Ајмерик Лапорт ќе биде аут од терените најмалку 4 месеци, пренесува „Дејли мејл“.

Фудбалерот се подложи на операција на коленото по повредата против Брајтон, и иако „граѓаните“ не го објавија неговиот период на закрепнување, тој сигурно ќе ги пропушти натпреварите до крајот на календарската година.

Ова му носи сериозни проблеми на Пеп Гвардиола, кој остана со само двајца чисти централни дефанзивци, а во случај на проблем за еден од нив ситуацијата во одбраната може да стане доста драматична.

Фернандињо и Родри би можеле да бидат користени на позицијата, но според медиумите на Островот, во јануари, Сити сигурно ќе привлече играч на оваа позиција, дури и ако Лапорт е близу до враќање.

Ова е втора голема повреда на клубот на почетокот од оваа сезона, откако Лерој Сане ќе сеопорава најмалку 7 месеци поради сериозна повреда на коленото. Секако, неговиот недостаток сигурно не се чувствува многу, бидејќи тимот има голем потенцијал во нападот.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com