-1.2 C
Skopje
Monday, February 6, 2023

Лапорта: Суперлигата ќе ги спаси клубовите, почетниот бонус е милијарда евра

Најчитани вести

Кога пропадна првиот обид за формирање на европската Суперлига, секој што мислеше дека тоа е крајот беше во голема заблуда. Нема да се откажат додека не ја истуркаат идејата, а Жоан Лапорта, еден од најголемите поборници на новото натпреварување, повторува – Суперлигата ќе ги спаси клубовите.

Има отворен дијалог, Бернд Рајхарт, првиот човек на Суперлигата, се сретна со Александар Чеферин. Првиот чекор е направен, но сè е уште далеку. Сепак, претседателот на Барселона смета дека е постигнат напредок и дека Суперлигата ќе заживее во блиска иднина.

Огромни пари се во прашање, Жоан Лапорта не сака да ја пропушти можноста да ја зграпчи и на тој начин да си го олесни раководењето на клубот кој е во долгови до врв, а влезе и во процес на реконструкција на Камп Ноу и ќе мора да игра на Монжуик. Тоа нема да биде мала инвестиција, па не е чудно што се надева на што поскоро договор меѓу двете страни и почеток на ново натпреварување.

„Суперлигата е одлична можност. Но, можете да победите само преку дијалог. Целта на Суперлигата е да го подобри фудбалот, да се бори за одржливост на фудбалот, да ги спаси клубовите од пропаст, да биде поконкурентен и да има повеќе ресурси. Суперлигата ќе биде подобрена Лига на шампиони, ќе биде отворена, без клупска администрација, но со гаранции и правила кои ќе им овозможат на клубовите да имаат повеќе ресурси. Извршниот директор на Суперлигата, Бернд Рајхарт минатиот викенд се сретна со Александар Чеферин, претседателот на УЕФА, што претставува многу важен чекор напред“, изјави Жоан Лапорта во интервју за „Спорт“.

Не е сè до парите, туку и до поголемите моќи…

„Од самиот почеток има бонус од 1.000.000.000 евра за основачките клубови. А, по сезона би можеле да добиеме околу 300.000.000 во ова натпреварување. Освен тоа, клучот за Суперлигата е дека клубовите ќе имаат моќ. УЕФА ќе биде во управното тело, но мнозинството ќе го имаат клубовите“, изјави првиот човек на Барселона и додаде:

„Во март ќе има одлука на судот во Луксембург и мислам дека за неколку сезони натпреварувањето би можело да заживее.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести