9.8 C
Skopje
Sunday, October 17, 2021

Лапорта: Се надевав дека Меси ќе остане и ќе игра бесплатно

Најчитани вести

Во интервју за радиото РАЦ1, Жоан Лапорта зборуваше за раскинувањето со Лионел Меси и ситуацијата со Роналд Куман.

Претседателот на Барселона објасни дека заемот од една и пол милијарди евра, што клубот го зема за изградба на нов стадион и деловен комплекс, е добра одлука на долг рок, бидејќи на Барселона ќе и донесе огромен профит.

„За време на изградбата на стадионот ќе играме на академскиот стадион, а тоа ќе биде максимум една сезона. Има опција да играме и на Монтјуик, но повеќе би сакал да останам во нашата околина. Новиот стадион ќе биде спектакуларен. Нема гаранции во светот на бизнисот. но веруваме дека овој заем ќе биде вистинскиот потег. На крајот на краиштата, тоа не е класичен заем, но ќе почнеме да го отплаќаме едвај кога ќе почнеме да остваруваме профит. Работите ќе започнат следното лето, а новиот стадион ќе го носи името на спонзорот бидејќи носи многу голема добивка, која не може да се игнорира“, рече Лапорта.

Барса летово остана без Лионел Меси, кој замина во ПСЖ по 21 година поминати во Барселона.

„Не сум лут на него затоа што го сакам премногу. Секако дека сум разочаран што тој си замина, тој исто така е разочаран. Но, немавме простор за маневрирање, а мојата филозофија е дека никој не е поголем од клубот, дури ни Меси. Ако сакаме да го одржуваме клубот стабилен и да ги почитуваме платите, тогаш не би можеле да му понудиме нов договор. Се надевав дека ќе остане бесплатно, но тоа не може да се очекува од него, особено бидејќи имаше толку голема понуда од ПСЖ. Се обидовме да се договориме, но не можевме да му понудиме задоволителен договор. Тој е најголемиот играч во историјата на овој клуб“, рече Лапорта.

Шпанските медиуми со недели го менуваат Роналд Куман, чиј тим игра под нивото на Барселона. Но, претседателот нема намера да го смени.

„Тој останува. Кога работите не одат како што очекувате, тогаш сите се разочарани. Но, разговарав малку со луѓето и заклучив дека треба да му се верува. Мислам дека секој треба да го стори тоа, како што беше случајот со Рајкард, Роналд е голем навивач на Барса, го обожава овој клуб и дојде кога клубот беше во страшна финансиска ситуација. За тоа има посебна почит кај мене. Разговаравме, ми рече дека верува во овој тим и дека ќе биде подобро кога ќе се вратат сите повредени играчи. Сметам дека е фер да го оставам да работи и среќен сум што така одлучив“, рече претседателот на Барса.

Тој потоа се осврна на финансиската ревизија, која откри дефицит од 450 милиони евра само минатата сезона.

„Нашата главна цел е да ја завршиме оваа сезона на нула. Но, тоа не значи дека нема да имаме пари за нови играчи. Кога дојдов во клубот, очекував ситуацијата да биде лоша, но не толку лоша. Ова е катастрофа, за која е одговорно минатата Управа“.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com