Home » Лапорта: Пике е извонредна личност која страда

Лапорта: Пике е извонредна личност која страда

by Журнал.мк

Претседателот на шпанскиот фудбалски гигант Барселона Жоан Лапорта проговори за состојбата на дефанзивецот на каталонскиот клуб Жерар Пике по раскинувањето со пејачката Шакира.

Според Лапорта, 35-годишниот Шпанец периодов страда.

– Жерард е извонредна личност која страда. Во нашата имагинација, фудбалерите имаат слава и пари и сЕ што сакаме, но тие се луѓе, а Џерард е одлична личност. Пике е еден од капитените и даде многу на Барселона. Тој, татко на мали деца, се најде во такви околности и сега ја заслужува сета поддршка и љубов од навивачите. Не слушајте ги вестите што се обидуваат да го направат да изгледа како несериозна личност, лишена од чувства, изјави Лапорта за шпанските медиуми.

Да потсетиме дека Пике и Шакира раскинаа по 12 години врска. Беше објавено дека фудбалерот ја изневерил пејачката.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More