30.8 C
Skopje
Sunday, July 25, 2021

Лапорта: Меси со својот син излезе на овие избори да гласа, тоа е важно

Најчитани вести

Новиот претседател на Барселона, Жоан Лапорта зборуваше за Меси во својот прв говор по победата на изборите.

Барселона има нов претседател, Лапорта повторно ќе го води клубот откако ги доби изборите со 30.184 гласови или 54,28 проценти, втор беше Виктор Фонт со речиси двојно помалку, 16.679 гласови или 29,99 проценти, Антони Фреша освои 4,769 гласови односно 8,58 проценти.

Главното ветување на Жоан Лапорта во предизборието беше со негово доаѓање на претседателската функција Меси ќе потпише нов договор со Барселона.

Па во неговиот прв говор по изборите главно место имаше Меси.

„Сакам да им се заблагодарам на сите членови кои гласаа на овие избори, што не прави нас повеќе од клуб“, изјави Лапорта.

„Меси е најдобриот во историјата на Барселона и во светот. Тој дојде со неговиот син да гласа, и неговото учество на овие збори е пример за тоа што го велевме“.

„Лео ја сака Барселона. И неговото гласање е значаен момент и се надеваме дека ќе го убедиме да остане“.

Целта на Лапорта е да го убеди Меси да остане во Барселона до крајот на кариерата.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести