17.8 C
Skopje
Sunday, July 25, 2021

Лапорта има план за Барселона: Договор за Меси, бесплатни засилувања, нов тренер…

Најчитани вести

Жоан Лапорта вчера убедливо славеше на претседателските избори во Барселона и така го доби вториот мандат на чело на каталонскиот гигант, а веднаш најави големи работи за екипата и враќање на врвот во европскиот фудбал.

Каталонскиот тим се наоѓа во тешка финансиска и резултатска ситуација, но прва задача на Лапорта ќе биде да му понуди нов договор на Лионел Меси, чија соработка со Барселона завршува на лето.

„Да се види Меси како гласа на изборите… Тоа е преубаво и доказ колку му значи клубот. Парите не се најважна работа. Јас можам да му ветам нов договор. Ќе му се јавам и ќе се обидам да го убедам да остане со нас. Ако победеше друг на изборите, тогаш Меси сигурно ќе заминеше“, вели Лапорта.

Еден од најголемите предизвици ќе биде да пронајде пари за нови засилувања, а шпанските медиуми пишуваат дека поради тоа ќе ги продаде Фелипе Кутињо и Самуел Умтити.

Во следниот преоден рок не се очекуваат големи трансфери на Барселона, но се шпекулира дека Лапорта ќе ги договори Давид Алаба и Серхио Агуеро, и тоа бесплатно.

Во Шпанија се убедени дека Барселона ќе го промени тренерот, а Лапорта кажа дека нема потреба од такво нешто во моментов, па за тоа ќе разговараат на крајот на сезоната.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести